• петок, 21 февруари 2025

Полската гранична служба откри кокаин на дното на Балтичкото Море

Полската гранична служба откри кокаин на дното на Балтичкото Море

Варшава, 18 февруари 2025 (МИА) - Припадниците на полската гранична служба откриле повеќе од 100 килограми кокаин на дното на Балтичкото Море додека вршеле операции за заштита на критичната подводна инфраструктура, соопшти денеска службата.

Во акцијата се уапсени седум лица, а властите соопштија дека вредноста на откриената дрога изнесува 15 милиони долари.

Балтичките земји се во зголемена готовност поради инциденти со подводната инфраструктура, а НАТО најави дека ќе го зголеми присуството во регионот откако беа забележани неколку такви случаи кога подводната инфраструктура беше сериозно оштетена. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан