• четврток, 20 февруари 2025

Христодулидис: Во прашањето со Украина, ЕУ треба да функционира со единство

Христодулидис: Во прашањето со Украина, ЕУ треба да функционира со единство

Никозија, 18 февруари 2025 (МИА) – Европската унија треба да функционира со единство по прашањето за Украина, бидејќи безбедноста на земјата е директно поврзана со онаа на ЕУ, бил ставот што го изразил претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис за време на неговото учество на вонредниот неформален состанок на Европската народна партија (ЕПП) за последните случувања во Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на кипарскиот претседател, Христодулидис во неговото излагање истакнал дека „Република Кипар, како полуокупирана држава, смета дека е императив секој постигнат мировен договор за Украина да ги почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на земјата“.

Дополнително, ја повторил потребата за зајакнување на стратешката автономија и одбранбените способности на ЕУ.

Неформалниот состанок се одржал преку видеоконференција, а меѓу другите, учествувале и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и голем број шефови на држави или влади, членови на ЕПП. ср/рп/

Фото: Кабинет на претседателот на Република Кипар

Остани поврзан