• четврток, 20 февруари 2025

Локалните власти на Сицилија ги предупредуваат туристите да не се приближуваат до Етна

Локалните власти на Сицилија ги предупредуваат туристите да не се приближуваат до Етна

Неапол, 18 февруари 2025 (МИА) - Илјадници туристи се собраа на вулканот Етна на Сицилија за да гледаат спектакуларни ерупции, но некои ги блокираат улиците и ги спречуваат итните служби да стигнат до оние на кои им е потребна помош, предупредија денеска локалните власти.

Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Салво Кочина, изјави дека однесувањето на туристите во последните денови е многу опасно, предупредувајќи дека голем дел од нив паркираат по тесни улички, го спречуваат минувањето на возилата за итни случаи и создаваат метеж, пренесува Гардијан.

Според него, ситуацијата се влошува навечер, бидејќи многу туристи се изложени на ризик да паднат и да се повредат. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан