Келемен: Потрошувачите се најдобри инспектори на пазарот
- Потрошувачите во Хрватска се станаа свесни, почнаа да размислуваат што треба да купат пред да одат во продавница, изјави советникот на платформата „Здраво, инспекторе“, Јосип Келемен
![Келемен: Потрошувачите се најдобри инспектори на пазарот](https://mia.mk/index.php/images/20250218153933_big_730x400_34.webp )
Загреб, 18 февруари 2025 (МИА) – Потрошувачите во Хрватска се станаа свесни, почнаа да размислуваат што треба да купат пред да одат во продавница, изјави советникот на платформата „Здраво, инспекторе“, Јосип Келемен.
Зборувајќи за тоа што е постигнато во четирите бојкоти во петок, што почнаа на 24 јануари, Келемен истакна дека граѓаните ги планираат своите набавки и не се толку импулсивни.
- Граѓаните се напаѓани од сите страни со разни промоции и попусти, но станаа свесни дека тие одлучуваат што, кога и каде да купат, наведе Келемен.
Тој истакна дека платформата „Здраво, инспекторе“ има одлична соработка со Државниот инспекторат кога потрошувачите пријавуваат неправилност во трговијата.
- Потрошувачите се најдобри инспектори на пазарот, бидејќи секојдневно гледаат што се случува, а Државниот инспекторат често е лост на притисок врз трговците и тие со нас добро си ја вршат работата. Кога ќе им пријавиме неправилност, тогаш се почнува инспекција, што резултира со парична казна или повлекување на производот, истакна Келемен.
Тој наведе дека платформата нема соработката со здруженијата на потрошувачите.
- Сите наши потрошувачки центри кои некогаш беа активни се опустошени. Сите зависат од некаква помош и членарина што никој не ги плаќа, а знаеме како функционираат здруженијата во светот. Проблемот кај нас е што порано постоеја бројни советувалишта за правна помош на потрошувачите, сега сето тоа е укината и потрошувачите се оставени сами на себе, посочи Келемен. ми/
фото: Икс