Волц: Основата на секоја дискусија за Украина ќе биде за територијата и безбедносните гаранции
- Американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц изјави денеска, по завршувањето на разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина, дека практичната реалност е таква дека основата на секоја дискусија ќе биде дебата за територијата и безбедносните гаранции.

Ријад, 18 февруари 2025 (МИА) - Американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц изјави денеска, по завршувањето на разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина, дека практичната реалност е таква дека основата на секоја дискусија ќе биде дебата за територијата и безбедносните гаранции.
„Ова се фундаменталните основи кои ќе бидат подлога и основа на секаков вид дискусија. Ова треба да биде траен крај на војната, а не привремен крај, како што видовме во минатото“, рече тој на прес-конференцијата на американската делегација, пренесува Гардијан.
Според него, најважниот дел е што американскиот претседател Доналд Трамп ја изразил својата желба и ја покажал својата решителност да стави крај на војната во Украина и убиствата што се случуваат.
„Тоа не е во интерес на ниту една земја. Тоа не е во интерес на светот, а секако не е во интерес на САД и Европа. Значи, сите тие работи ќе ги придвижат преговорите напред“, рече Волц. паг/
Фото: Икс