Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва
- Жртвата и повредените се од областите Домодедово и Ленински.

Москва, 11 март 2025 (МИА) - Едно лице загина, а тројца се повредени во напад извршен по полноќ со украински беспилотни летала врз Москва, соопшти Андреј Воробјов, гувернер на Московската област. Жртвата и повредените се од областите Домодедово и Ленински.
Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин објави дека руската ПВО соборила 69 беспилотни летала над Москва и регионот, и дека аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ја прекинале работата поради тоа. Во нападот е оштетена станбена зграда, од која се евакуирани најмалку седум стана, изјави регионалниот гувернер. зш/