• вторник, 11 март 2025

Украина: Погодивме важна нафтена рафинерија во Москва

Украина: Погодивме важна нафтена рафинерија во Москва

Киев, 11 март 2025 (МИА) – Генералштабот на украинската армија соопшти дека при синоќешниот напад со дронови врз Русија погодиле „неколку стратешки објекти“ меѓу кои и „производствените капацитети на московската рафинерија за нафта“.

Московската рафинерија има капацитет за преработка на 11 милиони тони нафта годишно и обезбедува од 40 до 50 проценти од потребите на Москва за дизел и бензин.

Украинската армија тврди дека е погоден и производствениот погон во Орлов, важен за управување со нафтоводот кон пристаништето во Санкт Петербург.

Претходно, Русија соопшти дека украинската армија извршила најголем напад со дронови досега, при што руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 343 украински дронови, од кои шест во близина на нуклеарната централа во Курск.

При украинскиот напад загинаа најмалку три лица. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан