• среда, 12 март 2025

Заврши 22-часовната студентска блокада на влезовите на РТС и РТВ

Заврши 22-часовната студентска блокада на влезовите на РТС и РТВ

Белград, 11 март 2025 (МИА) - Заврши дваесет и двечасовната блокада на влезовите во зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) и Радио телевизија на Војводина (РТВ).

Студентите кои синоќа околу 23 часот го блокираа влезот во зградата на РТС, ноќта ја минаа пред јавниот сервис. Граѓаните им дадоа поддршка на младите и ноќта ја поминаа со нив.

Редарите од редовите на студентите, формира жив ѕид и не дозволуваа вработените да влезат во зградите, но секој што сакал можел да излезе. Пред зградата на јавниот сервис им се обратија дел од вработените во РТС кои ги поддржуваат студентите и ги повикаа колегите да им се придружат. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан