Лекорну: Силен и траен мир во Украина бара континуирана воена поддршка за Киев
- Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну денеска изјави дека силен и траен мир во Украина бара континуирана воена поддршка за Киев да преговара од позиција на сила.

Париз, 11 март 2025 (МИА) - Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну денеска изјави дека силен и траен мир во Украина бара континуирана воена поддршка за Киев да преговара од позиција на сила.
„За силен и траен мир во Украина е потребна континуирана воена поддршка за Киев за да може да преговара од позиција на сила. После тоа ќе бидат потребни гаранции за да се осигура дека руската агресија нема да продолжи. Пред се, потребна е силна, модернизирана украинска армија која е оперативно компатибилна со нашите армии“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.
Лекорну истакна дека повторното вооружување на Европа е неопходно за мир и стабилност на континентот. рп/
Фото: ЕПА