• среда, 12 март 2025

Дванаесет загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Јужна Африка

Дванаесет загинати и 45 повредени во автобуска несреќа во Јужна Африка

Јоханесбург, 11 март 2025 (МИА) - Автобус денеска се преврте на автопат во близина на јужноафриканскиот град Јоханесбург. Дванаесет лица загинаа, а 45 се повредени, јавија светските агенции, повикувајќи се на итните служби.

Спасувачките тимови се обидуваат да го превртат автобусот на тркалата за да проверат дали под него има други жртви. По пристигнувањето најдовме пациенти како лежат на патот“, изјави портпаролот на локалната служба за итни случаи Вилијам Нтлади.

Несреќата се случила на автопатот меѓу Јоханесбург и меѓународниот аеродром „О. Р. Тамбо“. Автобусот превезувал луѓе од градот и Кетелхонг, кој се наоѓа источно од него.

Нтлади не даде детали за точната состојба на повредените, но рече дека тие имаат повреди со различна тежина. Возачот бил пренесен во болница.

Причините за несреќата се уште не се утврдени. Властите започнаа истрага. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан