• вторник, 20 август 2024

Две нови автобуски линии за граѓаните на Штип и Карбинци

Две нови автобуски линии за граѓаните на Штип и Карбинци

Штип, 19 август 2024 (МИА) - Штипското Јавно претпријатие (ЈП) „Стипион“ од септември воведува две нови автобуски линии на територија на општините Штип и Карбинци. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски вели дека со новите линии се воведува и четврта зона која ја опфаќа новата линија од Трговскиот центар до селата Лакавица, Софилари, Пенуш, Драгоево, Селце, достапна за учениците но и сите останати граѓани. Втората линија која се воведува е во правец кон Општина Карбинци, односно кон селата  Караорман и Долни Балван. Целта е граѓаните од сите населени места да може да го користат градскиот превоз и побрзо и поевтино да простигнат до саканата локација.

-Уште со почетокот на функционирање на градскиот превоз кон граѓаните се обврзавме дека главен фокус има развојот на оваа дејност како и постојаното подобрување на оваа дејност. Со започнување на учебната година во функција ќе бидат ставени две нови линии, едната е на територија на Општина Штип која ќе оди до Лакавица и Селце, а втората до Долни Балван и Караорман, вели Стефановски.

Термините на новите линии ќе бидат прилагодени на учениците однонсо на нивното тргнување и враќање од училиште, но автобускиот  превозот може да го користат и сите останати граѓани. Граѓаните можта да користат дневните, месечни и годишни билети. Сите термини и цени ќе бидат соодветно и навремено објавени за граѓаните. вдј/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан