Германска делегација разговараше со лидерот на сириските бунтовници
- Германска државна делегација предводена од комесарот за Блискиот Исток, Тобијас Тункел, денеска во Дамаск разговараше со лидерот на сириската бунтовничка група Хајат Тахрир-ал Шам (ХТС), Ахмед ал-Шар, неговиот претставник за надворешна политика Зеид ал-Атар и министер за образование на преодната сириска влада, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Дамаск, 17 декември 2024 (МИА) - Германска државна делегација предводена од комесарот за Блискиот Исток, Тобијас Тункел, денеска во Дамаск разговараше со лидерот на сириската бунтовничка група Хајат Тахрир-ал Шам (ХТС), Ахмед ал-Шар, неговиот претставник за надворешна политика Зеид ал-Атар и министер за образование на преодната сириска влада, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Разговорите се фокусираа на политичката транзиција и човековите права, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Делегацијата посетила и цивилни организации и ја разгледала зградата на амбасадата во Дамаск.
„Посветивме внимание на заштитата на малцинствата и правата на жените, како клучен фактор за мирен развој во Сирија“, стои во соопштението. ссм/
фото: архива