• петок, 21 февруари 2025

САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај човек

САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај човек

Вашингтон, 18 декември 2024 (МИА) -  Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека пациент со тешка форма на птичји грип H5N1 бил хоспитализиран во Луизијана. Ова е првиот познат таков случај во САД.

Специјалистите не очекуваат зачестеност на вакви случаи во САД, но предупредуваат дека H5N1 може да предизвика смртни последици, како што е забележано во други земји оваа година.

Прелиминарните геномски анализи укажуваат дека вирусот припаѓа на генотипот D1.1, кој неодамна е идентификуван кај птици во САД, Канада и други региони. Во САД досега се регистрирани 61 случај кај луѓе од април наваму, а овој е првиот случај поврзан со домашно, нетрговско одгледување птици. ссм/

фото: архива

Остани поврзан