Зеленски и Руте најавија дека ќе разговараат за оружените испораки за Украина
- Според Руте, западните сојузници работат на механизам за финансирање на купување оружје произведено во Украина за нејзините одбранбени потреби
Брисел, 18 декември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одржаа краток прес во Брисел пред средбата со европските лидери.
Руте истакна дека е клучно Украина да добие системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и други вооружувања за одбрана на инфраструктурата.
Зеленски го оцени состанокот како значаен за обезбедување безбедносни гаранции за Украина. Тој рече дека веќе разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон и најави средби со други лидери на ЕУ на утрешното заседание на Европскиот совет.
Според Руте, западните сојузници работат на механизам за финансирање на купување оружје произведено во Украина за нејзините одбранбени потреби.
На вечерашната средба, одвен Зеленски и Руте, присуствуваат и лидерите на Германија, Полска, Италија, Данска, Холандија и претставниците на главните институции на Европска Унија. Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон се претставени од нивните министри за надворешни работи.ссм/
фото: принтскрин Икс објава