Американскиот Сенат го усвои зголемувањето на буџетот за одбрана на 895 милијарди долари
- Законот доби широка поддршка со 72 гласа „за“ и 12 „против“, и покрај контроверзните одредби за ограничување на здравствената грижа поврзана со родова афирмација за трансродните деца на воени лица.
Вашингтон, 18 декември 2024 (МИА) - Американскиот Сенат го усвои законот за зголемување на буџетот за одбрана на рекордни 895 милијарди долари. Овој предлог закон, познат како Закон за национална одбрана (NDAA), сега ќе биде испратен до претседателот Џо Бајден за потпишување, пренесуваат американските медиуми.
Законот доби широка поддршка со 72 гласа „за“ и 12 „против“, и покрај контроверзните одредби за ограничување на здравствената грижа поврзана со родова афирмација за трансродните деца на воени лица.
NDAA на 1.800 страници вклучува значајни подобрувања за животниот стандард на војниците, како што се зголемување на платите за 14,5 отсто за најниските рангови и 4,5 отсто за остатокот од армијата.
Законот, исто така, предвидува изградба на нови воени станови, училишта и центри за грижа за деца.
Предлог-законот забранува воената програма за здравствена заштита, позната како „Трајкер“, да ја покрива грижата за афирмација на полот за трансродовите деца на воениот персонал доколку постои ризик од стерилизација во процесот на промена на полот. ссм/
фото: архива