• сабота, 18 јануари 2025

Франсоа Бајру: Мајот ја доживеа „веројатно најголемата природна катастрофа во историјата на Франција во последните неколку векови“

Франсоа Бајру: Мајот ја доживеа „веројатно најголемата природна катастрофа во историјата на Франција во последните неколку векови“

Париз, 18 декември 2024 (МИА) - Францускиот архипелаг Мајот е опустошен од циклонот „Чидо“, предизвикувајќи ја „веројатно најголемата природна катастрофа во историјата на Франција за последните неколку века, изјави премиерот Франсоа Бајру, во обраќањето пред политичките сили кои денеска се собраа на средба во официјалната резиденција на премиерот.

Според Министерството за внатрешни работи, најмалку 31 лице загина при преминувањето на циклонот, но бројот на жртвите веројатнно е значително поголем.

Циклонот потоа го зафати Мозамбик, каде што предизвика 45 смртни случаи, и Малави, каде што загинаа 13 лица.

Во Малави, една од најсиромашните земји во светот, „Чидо“ предизвика големи штети, каде засегна најмалку 45.000 луѓе. Во Мозамбик, бројот на повредени надминува 500, покажуваат официјалните податоци.

Остани поврзан