• недела, 25 август 2024

Во Љубљана се одржа проштален натпревар на Горан Драгиќ

Во Љубљана се одржа проштален натпревар на Горан Драгиќ

Љубљана, 25 август 2024 (МИА) – Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ и официјално замина во пензија. Во негова чест синоќа во „Арена Стожице“ во Љубљана се одигра проштален натпревар насловен „Ноќ на змејот“. 

На него присуствуваа ѕвезди како Лука Дончиќ, Крис Бош, Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ и Луис Скола, како и други словенечки играчи.

Соиграчи на Драгиќ беа Стив Неш, Клемен Препелиќ, Влатко Цанчар и Никола Вучевиќ. 

Во тимот на Лука Дончиќ беа Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Луис Скола и Робин Лопез.

Натпреварот беше прекинат и заврши на 7,7 секунди до крајот во чест на бројот што го носеше Драгиќ. Неговиот тим победи со резултат 108:86, Драгиќ постигна 21 поен, забележа 11 скока, 7 асистенции и 9 украдени топки. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан