• понеделник, 20 јануари 2025

Битола викендов домаќин на поединечното Државно првенство во бокс

Битола викендов домаќин на поединечното Државно првенство во бокс

 

Битола, 21 декември 2024 (МИА) – Со настап на најдобрите македонски боксери во сите возрасни и тежински категории викендов во Битола ќе се одржи јубилејното 30 поединечно Државно првенство во бокс.

Полуфиналните и финалните борби ќе се одржат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во организација на локалниот клуб „Пелистерски јунак“.

„Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски и се надеваме дека и битолската публика ќе ужива во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на Битолски победник“, изјави претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), Кристијан Андреевски. ег

ФОТО: БФМ/Фејсбук

Остани поврзан