• вторник, 21 јануари 2025

Минута молк на натпреварите во Германија

Минута молк на натпреварите во Германија

 

Берлин, 21 декември 2024 (МИА) – Германската фудбалска лига побара од клубовите да одржат едноминутно молчење пред почетокот на натпреварите во Бундеслигата и втората лига викендов, во знак на почит кон жртвите на нападот на божиќниот пазар во Магдебург.

Бундеслигата, исто така, соопшти дека играчите мора да носат црни ленти на рацете, пренесува агенција ДПА.

Најмалку пет лица загинаа, а над 200 се повредени откако маж влета со автомобил на божиќен пазар во германскиот град Магдебург во петокот вечер. Возачот на автомобилот е уапсен од полицијата. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан