Одермат ја извојува својата 40 победа и се израмни со Цурбриген
- Швајцарецот Марко Одермат победи на машкиот спуст од Светскиот куп во алпско скијање во Вал Гардена.

Вал Гардена, 21 декември 2024 (МИА) – Швајцарецот Марко Одермат победи на машкиот спуст од Светскиот куп во алпско скијање во Вал Гардена.
Одермат, кој триумфираше на последните три изданија на Светскиот куп, а го освои трето место ден претходно во супервелеслалом на истата патека, победи со време 2:03.10, пред сонародникот Фрањо Фон Алмен (2:03.55) и Американецот Рајан Кокран Сигле (2:03.56).
За Одермат ова беше 40. победа во Светскиот куп со што 27-годишниот Швајцарец се израмни со неговиот познат сонародник Пирмин Цурбриген.
Одермат води во поредокот во спуст со 180 бодови и е лидер во генералниот пласман со 440 бодови. ег
ФОТО: Фејсбук