• недела, 18 август 2024

Во новиот главен град на Индонезија, Нусантара одбележан Денот на независноста

Во новиот главен град на Индонезија, Нусантара одбележан Денот на независноста

Нусантара, 17 август 2024 (МИА) – Индонезија првпат го прославува Денот на независноста со церемонија во недовршениот нов главен град наречен Нусантара.

Нусантара е лоциран во источниот дел на Борнео и е замислен како одржлива, високотехнолошка алтернатива на пренаселената и загадена Џакарта.

Претседателот во заминување Јоко Видодоја ја предводеше церемонијата по повод 79-годишнината од независноста, заедно со новоизбраниот претседател Прабово Субианто, кој треба да ја преземе функцијата во октомври. Во Џакарта се одржа посебна церемонија, предводена од потпретседателот Маруф Амин и избраниот потпретседател Џибран Ракабуминг Рака.

Изградбата на нов главен град чини 32 милијарди долари, а првата група од околу 1.700 владини претставници треба да се пресели во Нусантара во септември, но се претпоставува дека целосната транзиција може да потрае подолго. Преместувањето вклучува изградба на 47 станбени кули за државните службеници, од кои 21 се веќе завршени. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан