• вторник, 20 август 2024

Речиси 500 мигранти го преминаа Ла Манш за еден ден

Речиси 500 мигранти го преминаа Ла Манш за еден ден

Лондон, 18 август 2024 (МИА) – Вкупно 492 во девет чамци денеска го преминаа Ла Манш, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Од почетокот на годината во Велика Британија преку Ла Манш пристигнале повеќе од 19.000 мигранти.

Зголемениот број на мигранти е поради поволните временски услови во овој период, кога морето е помирно, а нема и силен ветер.

На 11 август регистриран е рекорден број од 703 мигранти за годинава. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан