• вторник, 20 август 2024

Северна Кореја го осуди упадот на Украина во руската област Курск

Северна Кореја го осуди упадот на Украина во руската област Курск

Пјонгјанг, 18 август 2024 (МИА) – Северна Кореја остро го осуди упадот на Украина на територијата на регионот Курск во Русија, истакнувајќи дека тоа е непростлив акт на терор поддржан од Вашингтон и Западот.

Во соопштението објавено на Севернокорејската државна агенција КЦНА се наведува дека Пјонгјанг секогаш ќе биде на страната на Русија, која се обидува да го заштити нејзиниот суверенитет.

За Северна Кореја нападот на Украина врз Русија е производ на конфронтирачката политика на САД кон Москва и дека таквата политика ја турка ситуацијата до работ на трета светска војна.

Северна Кореја изминатата година драстично ги подобри односите со Русија. Во јуни севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор во Пјонгјанг за сеопфатно стратешко партнерство, кое вклучуваше договор за заемна одбрана.

Јужна Кореја, Украина и САД ја обвинуваат Северна Кореја дека и доставува артилерија и ракети на Русија за употреба во војната против Украина.

Украинската армија на 6 август ја нападна руската Курска област. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан