Во заедничка италијанско-албанска полициска акција разбиена криминална мрежа за шверц на дрога главно од Јужна Америка
- Полициските власти во Албанија и Италија разбија криминална мрежа за шверц на дрога, предводена од двајца браќа Албанци.
Тирана, 6 ноември 2024 (МИА)- Полициските власти во Албанија и Италија разбија криминална мрежа за шверц на дрога, предводена од двајца браќа Албанци.
- Криминалната група која шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка до италијанските поморски пристаништа, главно во Ливорно, е разбиена во соработка со италијанските правосудни органи. Организираните пратки на дрога потоа завршувале во неколку земји-членки на ЕУ, соопшти албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.
Додава дека од декември 2021 година била спроведувани истраги во рамките на заедничкиот истражен тим создаден со италијанските правосудни органи, поточно со регионалниот огранок на обвинителството за борба против мафијата од Фиренца.
Во оваа операција, поддржана од Европол, која кулминирала на 5 ноември кога уапсени се 29 осомничени, 27 во Италија и двајца во Албанија.
- Запленети се над 2 тони кокаин, 45 килограми хашиш, 20 килограми марихуана, од кои криминалната група би имала корист околу 70 милиони евра, наведува СПАК.
Посочува дека слични операции се во тек во Франција, Романија и други земји. вт/