• вторник, 24 декември 2024

Шолц и Мерц денеска ќе разговараат за датумот на избори во Германија

Шолц и Мерц денеска ќе разговараат за датумот на избори во Германија

Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) - По распадот на германската левичарска коалиција, канцеларот Олаф Шолц денеска напладне треба да се сретне во својот кабинет со опозицискиот лидер Фридрих Мерц за да разговараат за патот до нови избори, јави ДПА.

Шолц планира на 15 јануари Бундестагот да расправа за гласање доверба на неговата влада, а со оглед дека нема веќе мнозинство, потоа ќе повика на предвремени федерални избори на крајот на март.

Мерц, пак, верува дека овој тајминг е предоцна, па затоа го повика Шолц да поднесе гласање за доверба „не подоцна од почетокот на следната недела“ за да овозможи избори во втората половина на јануари.

-Едноставно не можеме да си дозволиме во Германија да имаме влада без мнозинство неколку месеци, а потоа да водиме изборна кампања уште неколку месеци, проследени со потенцијално неколкунеделни коалициски преговори, рече Мерц утринава, пренесе ДПА.

„Тоа треба да се случи брзо. Затоа денеска на пладне ќе побарам од канцеларот да го расчисти патот за тоа. И соодветно ќе ги изложам моите аргументи во подоцнежниот разговор со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер“, додаде Мерц.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан