• вторник, 24 декември 2024

ЕУ не е загрижена поради распадот на коалициската влада во Берлин

ЕУ не е загрижена поради распадот на коалициската влада во Берлин

Будимпешта, 7 ноември 2024 (МИА) – Највисоките функционери на Европската унија покажаа мала загриженост поради распадот на германската коалициска влада и можноста за предвремени избори во најголемата земја-членка на блокот, јави ДПА.

- Во демократските земји, имаме избори, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, при пристигнувањето на состанокот на европските лидери во Будимпешта.

- Па, тоа е демократија, рече претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во Будимпешта, со многу сличен тон.

Таа сепак го повика Берлин да продолжи да соработува со другите големи земји од ЕУ и покрај политичките превирања дома.

- Без силна Германија, не можеме да имаме силна Европа, рече таа.

- Ова е политичка демократска дебата. Не се плашиме од демократските институции, напротив, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. јт/

Фото: Лајен на Х скриншот

Остани поврзан