• среда, 27 ноември 2024

Орпо: ЕУ треба да испрати јасна порака до САД дека ќе ја поддржат Украина

Орпо: ЕУ треба да испрати јасна порака до САД дека ќе ја поддржат Украина

Будимпешта, 7 ноември 2024 (МИА) - Финскиот премиер Петери Орпо денеска изјави дека европските земји треба да испратат јасна порака до Соединетите Американски Држави и администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека ќе ја поддржуваат Украина се додека е потребно.

-Нашата порака мора да биде јасна и силна, им рече Орпо на новинарите пред состанокот на европските лидери во Будимпешта.

Според последните податоци, Трамп на претседателските избори во САД освоил 295 електорски гласови, додека кандидатката на Демократската партија Камала Харис освоила 226 електорски гласови. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан