• вторник, 23 јули 2024

Водачот на Хутите вели групата е поспособна од кога било да изврши напади врз Израел

Водачот на Хутите вели групата е поспособна од кога било да изврши напади врз Израел

Тел Авив, 21 јули 2024 (МИА) - Лидерот на Хутите, Саид Абдул-Малик ал-Хути денеска изјави дека „Јемен е поспособен од кога било да го нападне Израел“, притоа поздравувајќи го смртоносниот напад со беспилотни летала врз Тел Авив пред два дена.

Како што јавија иранските медиуми, Ал Хути се пофалил дека нападот со јеменски беспилотни летала врз Тел Авив бил голем психолошки удар за Израел.

Тој го изјави ова еден ден откако израелските вооружени сили (ИДФ) возвратија на нападот и го гаѓаа јеменското пристаниште Ходеида, контролирано од Хутите, објави „Тајмс оф Израел“.

-Израелските узурпатори треба да се плашат и да се грижат повеќе од кога било досега, рече лидерот на Хутите, додавајќи дека ционистите треба да знаат и дека нивните несовесни водачи ги доведоа до поголема опасност.

Тој рече дека нападите врз Израел ќе продолжат како знак на солидарност со народот на Газа се додека трае војната со Хамас, додавајќи дека во блиска иднина Хутите ќе преминат на ново ниво на антиизраелски операции.

-Нападите на Јемен не му носат корист на непријателот, рече тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан