• четврток, 25 јули 2024

ИДФ ја потврдија смртта на двајца заложници на Хамас

ИДФ ја потврдија смртта на двајца заложници на Хамас

Тел Авив, 22 јули 2024 (МИА) – Израел денеска ја потврди смртта на двајца заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас за време на терористичките напади на 7 октомври, од кои едниот е истакнат полско-израелски историчар.

Семејствата на Алекс Дансиг (76) и 35-годишниот Јагев Бухштаб се информирани за нивната смрт во заробеништво, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ), јави ДПА.

Нивните тела сè уште ги држи Хамас, соопштија ИДФ.

Одлуката за јавна потврда на смртта на двајцата мажи е заснована на разузнавачки информации и е „одобрена од експертска комисија“. Се истражуваат околностите на нивната смрт додека биле во притвор на Хамас, соопшти војската.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица, тело формирано од роднините на киднапираните на 7 октомври, им оддаде почит на двајцата мажи. јт/

Фото: ИДФ на Х

Остани поврзан