• четврток, 25 јули 2024

Потона брод во Мавританија, се удавиле најмалку 25 мигранти

Потона брод во Мавританија, се удавиле најмалку 25 мигранти

Нуакчот, 24 јули 2024 (МИА) – Најмалку 25 лица се удавија кога брод со мигранти потона во близина на главниот град на Мавританија, Нуакчот, соопшти денеска официјалната мавританска информативна агенција (АМИ).

Мавританската крајбрежна стража спасила 123 илегални мигранти и извлекла 25 тела по бродоломот во близина на главниот град Нуакчот.

Несреќата се случила во понеделникот, а претходниот биланс на Светската организација за миграција (ИОМ) беше најмалку 15 загинати. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан