• понеделник, 16 декември 2024

Протести во Вашингтон пред говорот на Нетанјаху во конгресот

Протести во Вашингтон пред говорот на Нетанјаху во конгресот

Вашингтон, 24 јули 2024 (МИА) – Илјадници демонстранти кои се против израелската војна во Газа, од кои некои носеа палестински знамиња, се собраа денеска во близина на американскиот Капитол пред говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Конгресот.

Нагласувајќи колку војната предизвикува поделби, демонстрантите се собраа на Капитол Хил за да побараат од Вашингтон да престане со својата воена помош за Израел. Тие ги обвинија Бајден и Харис дека се соучесници во „геноцидот“ врз Палестинците во Газа, пренесе ДПА.

На друга локација во близина на Конгресот, се собра толпа еврејски демонстранти со израелски знамиња. Тие, исто така, протестираа против Нетанјаху, велејќи дека тој не го претставува израелскиот народ. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан