• понеделник, 16 декември 2024

Макрон ја поздрави одлуката на Бајден да се повлече од претседателската трка

Макрон ја поздрави одлуката на Бајден да се повлече од претседателската трка

Париз, 22 јули 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска испрати писмо до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое му честита за храброста и одговорноста за неговата одлука да се повлече од изборната трка.

Без да го предвиди исходот од ноемвриските избори, Макрон изрази надеж за зачувување на историските односи меѓу двете земји.

- Ја ценам храброста, духот на одговорност и чувството за должност што ве доведоа до оваа одлука, вели францускиот претседател во писмото, чии делови објави Елисејската палата.

Бајден (81) вчера се повлече од претседателската трка, под притисок од стравувањата во партијата дека по исклучително лошиот ТВ дуел со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, нема да може да го победи на изборите. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан