• вторник, 27 август 2024

Брејди против Осака во женското финале на Австралија опен

Брејди против Осака во женското финале на Австралија опен
Мелбурн, 18 февруари 2021 (МИА) - Американската тенисерка Џенифер Брејди утринава ја победи Каролина Мухова од Чешка со 6:4, 3:6 и 6 4 и се пласира во финалето на Австралија опен. Мечот во Мелбурн траеше два часа, а Брејди го заврши со осум аса, наспроти еден на Мухова. Противничка на Брејди во финалето ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ноќеска во два сета ја совлада Американката Серена Вилијамс - 6:3, 6:4. На Грен слемот во Мелбурн претпладнево ќе се игра првото полуфинале кај тенисерите. Во него ќе се соочат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Аслан Каратсев (Русија). Другото машко полуфинале во кое ќе се сретнат Данил Медведев (Русија) и Стефанос Циципас (Грција) е закажано за утре. зс/

Остани поврзан