• понеделник, 23 декември 2024

Шчесни ја заврши професионална кариера

Шчесни ја заврши професионална кариера

Варшава, 27 август 2024 (МИА) - Шокантна вест пристигнува од Полска: Војчех Шчесни реши да стави крај на професионалната кариера на 34 години! Поранешниот голман на Јувентус пред петнаесетина дена го раскина договорот со „Старата дама“ за да се пресели во Ал-Наср од Саудиска Арабија. 

И денеска Фабрисио Романо прв објави дека одличниот полски голман решил да ги закачи ракавиците. Зошто и како објасни Војчик во својата објава.

-Бев професионалец 18 години, дадов сè, фудбалот ми донесе многу. Телото се уште е подготвено, но моето срце повеќе не е во фудбалот, сликовито објасни тој.

Некаде по елиминацијата од УЕФА ЕУРО, кога кажа дека повеќе нема да игра за Полска, го објави овој исход: „Имав на ум да ја завршам кариерата на 34 години. Заработив доволно“.

Ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани на планетата од генерацијата 1990. Како суперталентиран голман, во Академијата на Арсенал пристигна во 2006 година, а бранеше кај „топџиите“ од 2009 до 2017 година. Во тој период помина една година во Брентфорд, па две во Рома (од 2015 до 2017 година), за да пристигне летото 2017 година во Јувентус. Во кариерата запиша 542 натпревари, за полската репрезентација бранеше 84 пати.

Со Јувентус освои три титули и три купа, како и два италијански Суперкупа, во Арсенал двапати го крена трофејот од ФА Купот и еден Комјунити Шилд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан