• четврток, 29 август 2024

Алонсо: Ротацијата на тимот ќе биде клучна оваа сезона

Алонсо: Ротацијата на тимот ќе биде клучна оваа сезона

Леверкузен, 27 август 2024 (МИА) - Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, рече дека ротацијата на тимот ќе биде клучна оваа сезона со оглед на напорниот распоред.

Леверкузен ја започнува одбраната на германскиот куп во среда против Карл Цајс Јена, додека тие исто така ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите подоцна во текот на годината и ќе се стремат кон втора титула по ред во Бундеслигата.

-Имаме голем тим со многу опции. Ротацијата во тимот ќе биде повторно важна оваа сезона, исто како и минатата. Имам доверба во секој играч, изјави Алонсо на прес-конференција.

Леверкузен, како и Штутгарт, го одложија својот натпревар од првото коло во Купот на ДФБ за натпреварот од Суперкупот на Германија, кој Леверкузен го доби со 4-3 на пенали.

-Со нетрпение го очекуваме Купот, првиот меч е секогаш посебен и возбудлив. Мораме да бидеме добро подготвени, изјави Шпанецот.

Тој ќе биде без суспендираните Виктор Бонифасис, Мартин Териер и Одилон Косуну. Поради повреда недостапен е и Езекиел Паласиос.

-Се надеваме дека ќе го вратиме Пала по репрезентативната пауза - барем таков е планот, рече Алонсо.

Се очекува да игра и дефанзивецот Јонатан Та и покрај шпекулациите за преселба во Баерн Минхен.

-Тој е зрел играч и е целосно фокусиран, додаде Алонсо. дс

Фото: Архива

Остани поврзан