• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сане и официјално во Галатасарај

Сане и официјално во Галатасарај

 

Истанбул, 12 јуни 2025 (МИА) – Германскиот фудбалер Лирој Сане (29) ги напушти редовите на Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, објави вечерва турскиот шампион.

„Постигнат е договор со Лирој Сане за период од три сезони“, прецизираше истанбулскиот клуб.

Галатасарај објави дека Сане ќе заработува девет милиони евра по сезона, како и бонус за лојалност од три милиони евра по сезона.

Германскиот интернационалец доаѓа во Истанбул без обесштетување, откако го носеше дресот на Баерн од 2020 година, пристигнувајќи од Манчестер Сити за 49 милиони евра.

Сане за Баерн одигра 220 натпревари, постигнувајќи 61 голови, а додаде и 55 асистенции. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан