• сабота, 23 ноември 2024

Амбасадорите Ким и Сореца ја поздравија големата полициска акција во Албанија

Амбасадорите Ким и Сореца ја поздравија големата полициска акција во Албанија
Тирана, 3 јули 2021 (МИА) - Американската амбасадорка Јури Ким и евроамбасадорот Луиџи Сореца ја поздравија големата полициска акција насочена кон сузбивање на организираниот криминал и корупција, во која во Албанија беа упасени и обвинител и високи полициски функционери, а запленет имот вреден милони евра, јави дописничката на МИА од Тирана. Амбасадорката Ким изјави дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат Специјалното обвинителство (СПАК) и Бирото за истраги (БКХ) додека ги истражуваат и гонат оние кои ја злоупотребуваат својата функција или кои неправедно се збогатуваат преку криминални активности. - Погледнете ја оваа голема акција, која е само најновата акција против корумпираните службеници и организираниот криминал. САД ќе продолжат да ги поддржуваат СПАК и БКХ додека ги истражуваат и гонат оние што ја злоупотребуваат својата функција или кои неправедно се збогатуваат преку криминални активности. Правосудната реформа не беше лесна, брза или совршена, но оди напред и дава резултати. Неказнивоста е при крај, рече Ким. Евроамбасадорот Сореца оцени дека акцијата е многу значајна во борбата против организраниот криминал и трговијата со дрога и додаде дека „борбата против организираниот криминал и перењето пари се приоритети на Албанија на патот кон ЕУ“. - Друга важна операција против организираниот криминал и меѓународна трговија со дрога, благодарение на одличната соработка помеѓу ДИА, СПАК и државната полиција со поддршка на Еуројуст. Резултатот: уапсени 38 лица и запленет имот врден милиони евра. Борбата против организираниот криминал и перењето пари се клучните приоритети на ЕУ и за Албанија на нејзиниот пат кон членство, наведува Сореца во реакцијата. вт/паг/

Остани поврзан