• сабота, 23 ноември 2024

Руски власти: Соборени 26 украински дронови во Ростовската област

Руски власти: Соборени 26 украински дронови во Ростовската област

Москва, 20 јули 2024 (МИА) - Руските власти утринава соопштија дека во текот на претходната ноќ собориле 26 украински беспилотни летала во јужниот регион Ростов, кој граничи со Украина.

Силите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија вкупно 26 беспилотни летала синоќа во Ростовската област, нема жртви, напиша локалниот гувернер Василиј Голубев на Телеграм.

Тој додаде дека итните служби се на пат кон местото каде паднале остатоците од беспилотните летала.

Украина, која се соочува со руска инвазија повеќе од две години и чија енергетска инфраструктура е уништена со континуирано бомбардирање, спроведува напади со беспилотни летала длабоко во Русија на енергетските и логистичките локации што ги користи војската специјално за нејзините операции на украинска територија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан