• недела, 29 декември 2024

Албанија се повеќе вложува и во вооружување на армијата

Албанија се повеќе вложува и во вооружување на армијата

Тирана, 28 декември 2024 (МИА) - Албанското министерство за одбрана се повеќе инвестира и во оружје, покрај значителното зголемување на платите на припадниците на вооружените сили, јавија албанските медиуми.

Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека човечкиот капитал и модернизацијата на оружјето се приоритети. 

Тој сподели видео порака на социјалните мрежи во која се прикажани снајперисти од специјалните сили кои сега користат снајперски пушки со калибар 12,7 мм.

- Ова оружје значително ги зголемува капацитетите и можностите на вооружените сили во конкретни операции. Новото оружје има свои предности, но за модерното оружје се потребни професионалци, нагласува тој.


Венгу најавува дека  министерството предвидува до 2031 година да има 2100 војници во резервниот армиски состав, распоредени во 17 чети. 


- За формирање резервен состав веќе е донесена одлука со која во следната година  ќе биде формирана првата чета со 125 припадници а следната две чети со 250.

Од 2027 до 2029 предвидуваме секоја година да формираме по три чети со вкупно 375 војници, посочува Венгу.


Според него во 2030 година ќе бидат формирани четири чети со 475 војници и во 2031 една чета со 125 војници. вт/


Фото: Венгу ФБ

Остани поврзан