Во Шпанија уапсено 31 лице во голема операција против трговија со дрога и оружје
- Шпанската полиција уапси 31 лице во голема операција против трговија со дрога и оружје. Криминалната организација која ја открија имала контакти во Колумбија, Панама и Португалија.
Maдрид, 28 декември 2024 (МИА) - Шпанската полиција уапси 31 лице во голема операција против трговија со дрога и оружје. Криминалната организација која ја открија имала контакти во Колумбија, Панама и Португалија.
Во акцијата се запленети и 3.800 килограми смола за производство на канабис и 278 килограми кокаин.
Властите заплениле и неколку возила, како и 500.000 евра во кеш.
Според шпанските медиуми, осомничените се уапсени во неколку градови, Хуелва, Севиља, Алхесирас, Гранада и Малага.
Главната цел на организацијата била да шверцува кокаин и канабис од Западна Африка и Јужна Америка по морски и воздушен пат.
Шпанските полициски истражители соработувале во операцијата со властите во Колумбија, Португалија, Панама, Обединетото Кралство, како и со Европол. зш/