• сабота, 17 август 2024

АА: По дистанцирањето на Силјановска, само ВЛЕН и Вучиќ зборуваат за тензии

АА: По дистанцирањето на Силјановска, само ВЛЕН и Вучиќ зборуваат за тензии

Скопје, 17 август 2024

Сценаријата на заговор за дестабилизација на земјата првично ги лансираше премиерот Христијан Мицкоски, кои ги повтори српскиот претседател Александар Вучиќ, а продолжија да се повторуваат од официјалните лица на ВЛЕН. Премиерот Мицкоски деновиве почна да изјави дека ризиците се отстранети, а претседателката Гордана Силјановска Давкова рече дека нема да го свика Советот за безбедност бидејќи нема таков ризик.

По ваквиот развој на настаните, единствени кои продолжуваат да шират дезинформации за дестабилизирачки сценарија се претседателот на Србија, Александер Вучиќ и претставниците на вазалната коалиција vLEN. Сите знаат дека на првиот му одговарат ситуации и често бил провокативен со своите изјави. Но, кому му служат овие другите и на чија воденица праќаат вода, кои сè уште ја повторуваат реториката за дестабилизација. Одговорот е разбирлив и сите Албанци веќе го разбраа.

Ве повикуваме веднаш да се повлечете од ваквите игри. Видоа дека сервилноста кон Мицкоски не е доволна за да ги измамат и исплашат Албанците, но нека знаат дека со сервилноста кон Вучиќ уште помалку ќе можат да го исплашат некој Албанец.

Алијанса за Албанците, фб статус

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан