• недела, 05 мај 2024

Јужна Кореја - домаќин на третиот виртуелен „Самит за демократија“

Јужна Кореја - домаќин на третиот виртуелен „Самит за демократија“

Вашингтон, 29 март 2023 (МИА) - Јужна Кореја ќе биде домаќин следната година на третиот „Самит за демократија“, објавија денеска во заедничка изјава претседателите на Јужна Кореја и САД, Јун Сук-јол и Џо Бајден.

„САД и Јужна Кореја имаат длабоки врски, засновани на заеднички демократски вредности и почитување на човековите права. Сакаме дополнително да ја зајакнеме нашата силна политичка, економска, безбедносна и меѓу луѓето соработка“, се вели во соопштението.

Тродневниот виртуелен втор Самит за демократија почна во понеделникот, а денеска се одржува најважниот дел - пленарната седница. На седницата учествуваат претставници од над 120 земји, невладини организации и технолошки компании, каде,  според критичарите, ќе се нагласи бавниот напредок што американската администрација го постигна во промовирањето на човековите права и демократијата како фокус.нејзината надворешна политика. Овогодинешниот, втор Самит, заеднички го организираат САД, Јужна Кореја, Костарика, Замбија и Холандија.

Застапниците за човекови права ја пофалија администрацијата на Џо Бајден за нејзиниот фокус на демократијата, но велат дека има малку докази дека земјите што се приклучија на самитот постигнале напредок во подобрувањето на нивните демократии и дека не постои формален механизам што ќе ги принуди учесниците да се придржуваат до скромните обврски, преземени на првиот Самит.

Експертите, исто така, веруваат дека администрацијата се двоумела кога било потребно да ги донесе тешките одлуки неопходни за да покаже дека ги става човековите права во центарот на својата надворешна политика.

- Мислам дека оваа администрација, како и секоја друга администрација, штотуку откри дека тоа е претешко, рече Тес Мекенери, која работеше на прашањата за човековите права во администрацијата на Бајден до август 2022 година и сега работи на проект за демократија на Блискиот Исток. .

Таа додаде дека бидејќи САД не можат драстично да ги променат односите со земјите од стратешки интерес како Индија, „наместо тоа имаме самит“.

Иако Бајден го одржа своето предизборно ветување за демократскиот самит, тој разочара некои активисти за човекови права - тој минатата година ја посети Саудиска Арабија, признавајќи ја улогата на кралството на нафтените пазари, и Египет, домаќин на самитот за климата и партнер на САД во регионалната безбедност, и сè повеќе соработува со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Украина, наведува Гласот на Америка. Ниту една од тие три земји не е поканета на самитот. Од европските, Бајден не ја повика Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан честото се соочува со критики за отстапување од либералните вредности со притисок врз печатот, осудувајќи ги неевропските бегалци и зборувајќи позитивно за Москва.

Меѓу американските партнери кои се избегнуваат на самитот се Сингапур, чии избори генерално се сметаат за слободни, но кои го ограничуваат слободното собирање и ги регулираат медиумите, и Бангладеш, каде стотици се уапсени според Законот за дигитална безбедност, наведува Гласот на Америка.

Стејт департментот одби да разговара за критериумите за вклучување на самитот. ссм/

фото: Стејт департмент

Остани поврзан