• петок, 21 февруари 2025

Флик: Нема да биде лесно, но мораме да продолжиме да го притискаме Реал Мадрид

Флик: Нема да биде лесно, но мораме да продолжиме да го притискаме Реал Мадрид

Барселона, 1 февруари 2025 (МИА) - По благиот пад во формата и резултатите на крајот од минатата година, Барселона фати залет и е без пораз на осум натпревари, од кои победи на шест и постигна вкупно 31 гол. 

И покрај тоа, тимот сепак останува 7 бода зад лидерот во Ла Лига, Реал Мадрид. Доцна вечерва, „белите“ би можеле да ја зголемат разликата на дури 10 бода, бидејќи Каталонците играат утре. 
Во случајот, „лос кулес“ ќе му гостуваат на Алавес во 14 часот по шпанско време.

-Ние сме виновни бидејќи загубивме многу бодови. Треба да победуваме натпревари и да вршиме притисок врз Реал. Со 7 поени разлика нема да биде лесно, но ќе продолжиме да се бориме, изјави Флик.

Не сакаше да зборува за нови засилувања и порача дека е среќен со својот тим. 

- Треба да работиме со расположливите играчи за да станеме посилни. Сите тие сакаат да играат, и тоа е најважното - тоа е она што сакам да го видам. Затоа сум среќен, истакна Германецот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан