• петок, 21 февруари 2025

Предвреме заврши НБА сезоната за Вембањама поради тромб

Предвреме заврши НБА сезоната за Вембањама поради тромб

 

Њујорк, 20 февруари 2025 (МИА) – Францускиот кошаркар во редовите на Сан Антонио, Виктор Вембањама, ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната откако му беше откриено згрутчување на крвта во неговото десно рамо, соопшти денеска неговиот клуб.

Во клупското соопштение се прецизира дека згрутчувањето на крвта е откриено откако Вембањама се вратил во клубот по Ол-стар натпреварот.

Првиот пик на драфтот во 2023 година покрај преостанатиот дел од НБА сезоната би можел да го пропушти и Европското првенство ова лето.

Вембањама сезонава имаше просек од 24,3 поени, 11 скокови и 3,7 асистенции по натпревар. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан