• петок, 21 февруари 2025

Халанд: Заедно повторно ќе се издигнеме

Халанд: Заедно повторно ќе се издигнеме

 

Манчестер, 20 февруари 2025 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд изрази оптимизам дека работите ќе тргнат на подобро за тимот, ден откако англискиот првак беше елиминиран во Лигата на шампиони од Реал Мадрид со вкупен резултат 3:6. Во Премиер лигата Сити е во борба за место во топ 4.

„Остануваме обединети. Понекогаш во животот треба да поминете низ тоа и да научите од тоа, бидејќи не можете секогаш да победувате. Заедно повторно ќе се издигнеме“, напиша Халанд на социјалните мрежи.

Норвежанецот го пропушти вчерашниот реванш против Реал Мадрид (1:3) откако сè уште не е целосно заздравен по повредата со која се здоби против Њукасл пред неколку денови. Останува под знак прашалник и неговиот настап на неделното дерби со Ливерпул во Премиер лигата. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан