• петок, 21 февруари 2025

НБА: Деветти триумф во низа на Денвер

НБА: Деветти триумф во низа на Денвер


Њујорк, 21 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Шарлот со 129:115, со што го забележаа деветтиот последователен триумф во НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 34 поени.
Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ беше на асистенција до трипл – дабл, завршувајќи го натпреварот со 29 поени, 17 скокови и девет асистенции.
Арон Гордон додаде 18 поени и седум скока, додека Џулијан Стротер постигна 16 поени. ег
ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан