Дрејпер последен полуфиналист во Доха
- Британскиот тенисер Џек Дрејпер се пласираше вечерва во полуфиналето на турнирот во Доха, откако во три сета го совлада Италијанецот Матео Беретини со 4-6, 6-4, 6-3.

Доха, 20 февруари 2025 (МИА) – Британскиот тенисер Џек Дрејпер се пласираше вечерва во полуфиналето на турнирот во Доха, откако во три сета го совлада Италијанецот Матео Беретини со 4-6, 6-4, 6-3.
Дрејпер, (АТП – 16) до победата над 35-рангираниот светски тенисер дојде по два часа и 12 минути игра.
Противник на Дрејпер во полуфиналето ќе биде Чехот Јиржи Лехечка.
Во второто полуфинале на турнирот во Доха ќе играат Русинот Андреј Рубљов и канадскиот тенисер Феликс Оже Алијасим. ег
ФОТО: Фејсбук