Објавена програмата на Струмичкиот карневал
- Годинашното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.
Струмица, 13 јануари 2026 (МИА) - Годинешното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на учесниците.
Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски од Цветко Багашевски, еден од најпознатите учесници на карневалот, кој секоја година се претставува со повеќе маски.
Наредниот ден ќе се објават резултатите од литературниот конкурс на библиотеката „Благој Јанков-Мучето“ на тема карневал, а вечерта е планирано одржување нарневалски мјузикл во НУЦК „Антон Панов“.
- В петок, 20 февруари, ќе се одржи традиционалниот маскнебал, на кој се избираат принц и принцеза на карневалот. Новитет на главната карневалска вечер, која ќе се одржи на 21 феверуари, е што ќе имаме концерт на плоштадот „Гоце Делчев“, каде што граѓаните и учеснциите на карневалот заедно ќе се забавуваат - информира претседателката на Организацискиот одбор на карневалот, Танкица Стојанова.
В недела, 22 февруари, на празникот Прочка, е Детскиот карневал, наредниот ден ќе бидат објавени наградените маски од главната карневалска вечер, а ќе се одржи и традиционалната манифестација „Чист понеделник“ кога се вари и јаде бел посен грав. Вечерта ќе биде отворена интернационалната изложба на карикатура и афоризам, а на најуспешните во двете категории ќе им бидат доделени наградите.
На 24 февруари празнувањата продолжуваат со карневалско корзо и доделување на наградите од главната карневалска вечер, а годинава Струмичкиот карневал завршува со одбележување на празникот Тримери и враќање на клучот од градот од страна на карневалистите на градоначалникот.
Организаторите информираа дека пријавувањето за учество на карневалските групи од земјава трае до 5 февруари, а за тие од странство рокот е до 15 февруари. рт/мч/
Фото: Струмички карневал