• среда, 14 јануари 2026

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот фејсбук профил информира дека е почнато површинско чистење на депонијата Вардариште.

- Зборот е збор - депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа - изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!, пишува градоначалникот, кој сподели и видео. мд/са/

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан