Во Општина Петровец се гради нова со сензорна соба
- Во Општина Петровец е во тек изградбата на новата детска градинка –клон на ЈОУДГ „Авионче“ со сензорна соба, проект кој веќе се наоѓа во работна фаза. Оваа инвестиција носи современи стандарди во предучилишното образование и претставува значаен чекор напред за најмладите во регионот, објави премиерот Христијан Мицкоски на својото Фејсбук профил.
Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Во Општина Петровец е во тек изградбата на новата детска градинка –клон на ЈОУДГ „Авионче“ со сензорна соба, проект кој веќе се наоѓа во работна фаза. Оваа инвестиција носи современи стандарди во предучилишното образование и претставува значаен чекор напред за најмладите во регионот, објави премиерот Христијан Мицкоски на својото Фејсбук профил.
- Особено значајна е интеграцијата на сензорната соба –специјално опремен простор кој овозможува поддршка за деца со аутизам, Даунов синдром и други посебни потреби, со што се промовира еднаквост и пристапност за сите.
Инвестицијата од 15,122,109 денари е насочена кон создавање инклузивен, модерен и стимулативен простор, каде секое дете ќе има можност за квалитетна грижа и едукација. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, наведува Мицкоски.са/
Фото: ФБ Христијан Мицкоски